Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Од септември почнуваат претстави во театрите на Бродвеј

Од септември почнуваат претстави во театрите на Бродвеј
Img 7972

Билетите за Бродвејските театри ќе бидат пуштени во продажба оваа недела, иако претставите нема да се рестартираат до 14 септември. Тогаш на познатите театри ќе им биде дозволено да пополнат 100% од својот капацитет, најави гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо.

Илјадници луѓе изгубија работа кога театрите на Бродвеј затворија во март 2020 година поради пандемијата.

„Бродвеј е голем дел од идентитетот и економијата на нашата држава и ние сме воодушевени што завесите повторно ќе се кренат“, напиша Куомо на Твитер.

Њујорк планира да ги укине повеќето ограничувања наметнати од пандемијата подоцна овој месец, но на Бродвеј му треба повеќе време за проби, а на продуцентите им треба време да ги рекламираат претставите.

Театарот Бродвеј – срце на американската и светската театарска индустрија – се наоѓа во Мидтаун, Менхетен и, за разлика од повеќето театри во таа област, тој е лоциран токму на местото именувано како Бродвеј уште од 1681 година.

Бродвеј изведува претстави во 4о професионални театри, шетајќи го светот кога се дислоцира”од Њујорк. Овој театар е популарна туристичка атракција на градот. Во најголем дел од репертоарот на театарот најчесто се прикажуваат мјузикли.

Концептот на Бродвејскиот театар вклучува 40 театарски сали со капацитет од 500 и повеќе места,

Можете да прочитате

Денес решете ги финансиските проблеми: Дневен хороскоп (07.10.2025)

Србите масовно садат глог, добивката е голема

Дневен хороскоп за 07 октомври 2025 година