Утрински Весник
Македонија

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Во Македонија досега се вакцинирани повеќе од 76.000 луѓе

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува.

„ На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 74.076 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.963 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.123 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92.253 граѓани. Со последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина“ соопшти министерството.

Оттаму додаваат дека вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 арената СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа