Утрински Весник
Македонија

Заев на средба со Шидер: Изразени очекувања од сите политички субјекти за ефикасен Парламент

Заев на средба со Шидер: Изразени очекувања од сите политички субјекти за ефикасен Парламент

Премиерот Зоран Заев, се сретна со Андреас Шидер, пратеник во Европскиот парламент од Република Австрија.

На состанокот се поздравени политиките на дијалог и е констатирано дека е потребно сите политички субјекти да овозможат ефикасност на Парламентот со цел реализација на реформските процеси важни за европските интеграции, како и решавање на потребите на граѓаните во здравството, економијата и други важни области, се истакнува во соопштението од владиниот кабинет.

Премиерот Заев информирал дека Владата е силно посветена на владеењето на правото и на неселективна борба против криминалот и корупцијата, како и на почитување на еднаквоста во државата во сите сегменти од општественото живеење.

Претседателот на Владата Зоран Заев, изрази благодарност до Европскиот парламент, земјите членки на Европската унија и до Република Австрија за поддршката што ѝ ја даваат на нашата држава во процесот на евроинтеграциските аспирации на Република Северна Македонија, велат од владиниот кабинет.

Можете да прочитате

СДСМ: Институции и и фирми добиле налог дека мора да работат преку Алта банка

Средба на министерот Муцунски со специјалниот пратеник на МНР на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин

Тројца малолетници од Дебар украле автомобил од авто плац