Утрински Весник
Свет

Жена од Мали роди девет бебиња

Жена од Мали роди девет бебиња

Жена од Мали родила девет бебиња, две повеќе отколку што откриле лекарите за време на ултразвучниот преглед.

Халима Кисе (25) е родена во Мароко, каде што била префрлена од Владата на Мали со цел да добие посоодветна здравствена заштита.

Пет девојчиња и четири момчиња се родени со царски рез и нивната здравствена состојба е добра, објави министерот за здравство на Мали, а пренесува Би-Би-Си.

Тој им честиташе на здравствените тимови во двете земји за „среќниот исход“.

Можете да прочитате

Осум европски земји предупредуваат: царинските закани од САД носат сериозни ризици

Фредериксен: Европа нема да биде уценувана

Работници од Непал штрајкуваат во Хрватска