Утрински Весник
Спорт

Иванишевиќ: Пит Сампрас ми уништи 20 години од животот

Иванишевиќ: Пит Сампрас ми уништи 20 години од животот

Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ, открил дека Пит Сампрас му бил најтешкиот противник во текот на кариерата.

„Ми го уништи животот. Ми ги уништи сништата. Од него не можев да спијам“, рекол Иванишевиќ и дополнил.

„Во 1994 година, во полу-финалето на Вимблдон го победив Борис Бекер со 6/2, 7/6, 6/4. Тоа беше мојот најдобар меч на Вимблдон, можеби и во кариерата. Тогаш го „убив“ Борис. Играв неверојатно. Немаше шанси, а знаете што значеше Борис кога играше на тревната подлога. Се сеќавам дека по мечот, кога се ракувавме ми кажа: „Играше сјајно. Гледај да го освоиш турнирот“.

Во финалето во 1994 година Иванишевиќ играше против Смапрас.

„А потоа финалето и човекот кој ми уништи 20 години од животот. Господинот Сампрас. Играв навистина добро, но тој беше подобар. Првите два сета го доби во тај-брејк, а третиот со 6/0. Не играв лошо, но тој секогаш беше чекор пред мене. Наредната година имав нова шанса во полу-финалето, ме победи во пет сетови. Бев подобар, но тој ги доби клучните поени. Приказната се повторуваше одново и одново. Навистина сум горд што играв во ерата на Пит Сампрас. Бев втор зад Сампрас, можеби најдобриот тенисер во историјата. Сепак тој ми уништи 20 години од животот“.

Сампрас го победи Иванишевиќ и во финалето на Вимблдон во 1998 година.

> Иванишевиќ: Пит Сампрас ми уништи 20 години од животот <

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ