Утрински Весник
Македонија

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија.

На шпекулациите дека Црвенковски ќе се здружи со незадоволните членови на СДСМ во нова партија, Заев вели дека треба новинарите да го прашаат поранешниот претседател.

„Претседателот Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, затоа не верувам во вакви приказни кои се присутни во јавноста дека тој ќе формира нова партија, но дефинитивно треба да го прашате. Тој беше претседател на партијата долг период, претседател на државата. Верувам дека шпекулациите како и за многу други работи се присутни. СДСМ покажа сериозно единство и во време на опозиција и преземање на власта. Нашата намера е така да продолжиме. Ние на овие избори повторно ќе настапиме со единство, ќе ги избереме најдобрите кандидати. Граѓаните очекуваат да ги препознаеме вистинските ликови за да ги номинираме. Внимателно слушаме, истражуваме преку анкети“, рече Заев.

Тој додаде дека во СДСМ секогаш имало различни мислења, како и дека некогаш се прифаќаат предлозите на членовите, некогаш раководството ги повлекува предлозите бидејќи не се прифатени од членовите, а сè со цел да се чуе сечие мислење и да се спроведе тоа што е најдобро.

Можете да прочитате

СДСМ: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не ги отфрла црвените линии ниту чекорите од планот, историските факти во резолуцијата се точни

Крушево домаќин на настан по повод Светскиот ден на туризмот: „Одржлива трансформација во туризмот”

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија?!