Утрински Весник
Спорт

Расел ќе го смени Ботас во Мерцедес пред крајот на сезоната?

Расел ќе го смени Ботас во Мерцедес пред крајот на сезоната?
Ss2

Британскиот таблоид „Дејли мејл“ тврди дека во Мерцедес донеле одлука да го сменат Валтери Ботас со младиот Британец Џорџ Расел пред крајот на сезоната цитирајќи анонимен извор од тимот.

„Постои немир во фабриката за Валтери. Тој не е подготвен да се трка, а од друга страна, Расел покажа колку умее во Бахреин“, инсистира анонимен инженер од тимот.

Img 5587

Дека Ботас има разочарувачки резултати со Мерцедес, не е нова вест. Во периодот во кој му е партнер на Луис Хамилтон, шампионот има остварено 44 победи, а Ботас само 9. Минатата сезона, Расел, кој е под договор со Мерцедес, го замени Хамилтон на една трка во Бахреин и беше јасно побрз од Финецот.

Причина повеќе за отпуштање на Ботас е можеби најтесната битка за конструктори во последната деценија. Со посилен болид на Ред бул и со лута битка помеѓу Макс Ферстапен и Хамилтон за титулата кај возачит, секој поен може да биде многу важен. Засега од Мерцедес отворено го поддржуваат Ботас.

> Расел ќе го смени Ботас во Мерцедес пред крајот на сезоната? <

Ss1

Можете да прочитате

Модриќ урна рекорд стар 60 години

30 години од смртта на Аиртон Сена

Еве зошто 1 мај е среќен датум за Меси