Утрински Весник
Спорт

Македонија со 26 фудбалери ќе оди на ЕУРО 2020

Македонија со 26 фудбалери ќе оди на ЕУРО 2020
Img 5587

УЕФА ја потврди одлуката дека селекторите на националните тимови, меѓу кое е и Игор Ангеловски, за настап на ЕУРО 2020, ќе можат да пријават по 26 фудбалери. УЕФА реши да го зголеми бројот на фудбалерите во тимовите, поради напорните клупски сезони и коронавирусот.

Извршниот комитет на УЕФА, на денешната седница во Нион, ја потврди одлуката дека покрај 11-минатат на теренот и 12 резервни фудбалери, селекторите во резерва ќе можат да имаат уште тројца играчи.

300x250 (7)

Доколку, некој играч биде заменет со некој од резервите, тој повеќе нема да може да биде во комбинација за другите натпревари.

Игор Ангеловски, најдоцна до 1.јуни, мора да пријави во УЕФА кои фудбалери ќе патуваат на ЕУРО 2020.

Македонија на првенството ќе игра против Австрија, Украина и Холандија.

> Македонија со 26 фудбалери ќе оди на ЕУРО 2020 <

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами