Утрински Весник
Свет

Зеленски: Конфликтот во Донбас и анексијата на Крим станаа војна во Европа

Зеленски: Конфликтот во Донбас и анексијата на Крим станаа војна во Европа
300x250 (7)

Конфликтот во Донбас и враќањето на Крим во состав на Русија претставуваат војна во Европа, рече украинскиот лидер Владимир Зеленски на самитот со лидерите на Полска, Летонија, Литванија и Естонија.

„Меѓународните партнери ја поддржуваат Украина, нашиот територијален интегритет, нашиот суверенитет. Благодарен сум на сите вас … Кога беше припоен дел од Украина, нашиот полуостров Крим, кога имаме војна на исток, тоа е всушност војна во Европа. Денес е многу важно да бидеме заедно“, рече украинскиот претседател.

300x250 (7)

За време на дискусијата, Зеленски истакна дека Украина е моќна држава што само ќе ја зајакне Европската Унија.

Тој ги спомна и загинатите за време на протестите во Киев во 2014 година, велејќи дека тие се борци за независност и тој настан го поврза со ситуацијата во Донбас.

„Денес истото се случува на истокот од нашата земја, каде што повторно ја браниме нашата независност“, подвлече Зеленски.

Украинскиот лидер учествуваше во дискусијата „Среќата на нацијата се заснова на фер закони, чија ефикасност зависи од нивната примена“, одржана во Варшава. Неговото обраќање беше пренесено на фејсбук-страницата на Кабинетот на претседателот на Украина.

 

Ss1

Можете да прочитате

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56

Египетски медиуми: Забележлив напредок во разговорите Хамас-Израел

Сандерс им порача на американските студенти дека се на вистинската страна на историјата