Утрински Весник
Економија

Дизелот поскапува

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат 67 и 69 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за половина денар на 59 односно 58,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,149 денари и сега ќе изнесува 34,443 денари за килограм.

Можете да прочитате

Охрид ги собра експертите од регионот: ОКТА домаќин на голем симпозиум за нафта и горива

Божиновска: Посветени сме на заложбите за кредибилен партнер во Европската енергетска интеграција

Азески: Евентуалното зголемување на инфлацијата може да предизвика катастрофални последици, компаниите се исцрпени