Утрински Весник
Македонија

23 годишна девојка тешко повредена во сообраќајка на регионалниот пат Скопје-Тетово

23 годишна девојка тешко повредена во сообраќајка на регионалниот пат Скопје-Тетово

23 годишно женско лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случила вчера на регионалниот пат Скопје-Тетово.

Според известувањето од полициските служби вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај клучката Матка, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „бмв“, управувано од Ј.С.(23) од Скопје и патничко возило „ауди“, управувано од С.С.(51) од с.Желино, и двете со тетовски регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „бмв“, М.З.(23) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил С.С., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Крмов: Коалиција повторно проработи – ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура

СДСМ подготви 10.000 амандмани на Изборниот законик

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!