Утрински Весник
Спорт

Шевченко: Сите пријатели ми умреа, не од радијација-од дрога, алкохол и оружје

Шевченко: Сите пријатели ми умреа, не од радијација-од дрога, алкохол и оружје

Легендарниот украински фудбалер, Андриј Шевченко кој сега е селектор на својата земја денеска ја објави автобиографската книга „Мој живот, мој фудбал“.

Освен за фудбалот, Шевченко пишува и за некои делови од приватниот живот меѓу кои и за несреќата во Чернобил – 200 километри од неговата родна куќа.

„Се надевам дека никого нема да го изненадам ако кажам дека се ми се чинеше нормално. Имав 10 години, ме интересираше фудбалот и ме одведоа на академијата на Динамо во Киев. Но одеднаш пукна реакторот и не одведоа оттаму. Се уште чувствувам тежок бол. Автобусите од СССР тогаш стигнаа и ги однесоа децата меѓу 6 и 15 години. Се чувствував како да живеам во филм“ раскажува тој.

Шевченко зборува за неговите пријатели од детството кои немале среќа како и тој.

„Во моето село почнав да имам се помалку пријатели. Сите умреа. Не од зрачење, туку од алкохол, дрога и проблеми со оружје. Светот за кој знаевме се распадна, моите пријатели не веруваа во ништо и се изгубија. Љубовта на моите родители и фудбалот ми го спасија животот“ пишува меѓудругото Шевченко.

> Шевченко: Сите пријатели ми умреа, не од радијација-од дрога, алкохол и оружје <

Можете да прочитате

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ

Ајкула, заробена во крајбрежен парк во Јужна Кореја, не сака да си замине, стана вистинска туристичка сензација

Ѓоковиќ ја продолжува серијата – без пораз ја освои титулата во Пекинг