Утрински Весник
Македонија

Повторно гореше трска кај Калишта

Повторно гореше трска кај Калишта

Нов случај на запалена трска на брегот на Охридското езеро, во делото од Струга кон Калишта е забележан вчера.

„На 02.05.2021 околу 15.15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на брегот од Охридско Езеро, на потегот од Струга кон с.Калишта, настанал пожар во кој изгорела трска и сува трева. Пожарот бил изгаснат екипи на Територијалната противпожарна единица Струга. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Минатата недела, кога беше регистриран ваков случај, Државниот инспекторат за животна средина најави истрага за откривање на потпалувачите.

Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола