Утрински Весник
Свет

(Видео) Приврзаник на Путин исфрлен од партијата поради изживување врз волк за време на лов

(Видео) Приврзаник на Путин исфрлен од партијата поради изживување врз волк за време на лов
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Врховниот совет на партијата на Владимир Путин, „Единствена Русија“, во средата одлучи да го протера заменик-шефот на Курганската регионална дум , Денис Какалов, поради сурово однесување кон волци за време на ловот.

Документот за таа одлука беше објавен на Телеграм каналот од заменик-секретарот на Советот на Обединета Русија, Александар Кинстејн.

https://www.youtube.com/watch?v=8VgpxnaymEw

Фотографиите и видеата од ловот што се појавија на социјалните мрежи покажуваат како Какалов и уште неколку лица од моторна санка пукаат во волк, а потоа, додека тој е сè уште жив, го газат неколку пати.

Еден од присутните тогаш ја стави пушката во устата на волкот, а другите се смееја.

Инцидентот беше разгледан од Етичката комисија на Единствена Русија и беше заклучено дека Какалов целосно нечовечки му се потсмевал на ранетото животно, претворајќи го ловот во убиство.

Самиот Какалов рече дека тоа го сторил во самоодбрана затоа што волкот можел да го нападне.

Можете да прочитате

САД повторно пресретнаа брод кај брегот на Венецуела

Сан Франциско постепено ја враќа струјата по големиот прекин

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија