Утрински Весник
Свет

„Бионтек“ тестира вакцини против коронавирус врз бебиња

„Бионтек“ тестира вакцини против коронавирус врз бебиња
Dik 300x250 mk

Првите резултати од тестирањето на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирус кај бебиња на возраст од шест месеци ќе бидат познати во септември, пишува германскиот весник „Шпигел“.

Првите резултати од вакцинацијата на деца од пет до 12 години ќе бидат познати во јули, а во септември за најмладите, бебињата, изјави извршниот директор на компанијата „Бионтек“, Угур Сахин за германскиот весник. Според него, потребни се четири до шест недели за да се анализираат сите податоци.

„Ако сè оди добро, и кога ќе се проценат сите податоци, ќе можеме да поднесеме барање за регистрација и употреба на вакцината и за најмладата популација“, посочи тој.

Раководството на „Фајзер/Бионтек“ веќе побара од регулаторните тела во САД да одобрат вакцина за коронавирус за деца на возраст од 12 до 15 години, а Сахин вели дека компанијата со која управува е во последната фаза на подготовка да побара дозвола и од европските регулаторни тела.

Можете да прочитате

Германија го забрани муслиманското здружение Интерактив, се вршат рации и заплена на средства

Поранешниот еврокомесар Дидие Рејндерс официјално осомничен за перење пари

Најмалку седум загинати при уривање на карго-авион на „ЈупиЕс“ во Кентаки