Утрински Весник
Македонија

Царовска до Мисајловски: Нема укинување на печатените учебници, се обидувате да ја манипулирате јавноста

Царовска до Мисајловски: Нема укинување на печатените учебници, се обидувате да ја манипулирате јавноста
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Укинување на печатени учебници не постои, туку законски за првпат се гарантира пристап до аудиоверзија, верзија од Брајово писмо, дигитална колаборативна верзија и печатен учебник и тоа е така во законското решение. Пристапот е комбиниран и таков постои во светот, ништо ново, ништо значајно, не го измислуваме ние”, рече министерката за образование и наука Мила Царовска, одговарајќи на пратеничко прашање на Владо Мисајловски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Она кое што е значајно е дека на тој начин ќе успееме да ги доближиме содржините до новата генерација на ученици кои живеат во дигитален свет, сакале ние или не”, рече Царовска.

Таа истакна дека законското решение нуди пристап до дигитални алатки и за децата од социјално ранливите категории, наспроти лошите децениски политики на ВМРО-ДПМНЕ кои водеа до се поголемо раслојување.

„Укинување, укинување, укинување… Самите се обидувате да наметнете термин кој не постои. Она што се обидувате да го постигнете изминативе три дена со манипулација на учениците, родителите и наставниците е страшно и токму затоа добивте шамар денеска од Здружението на средношколци кое што ви кажа дека тоа не е организирано од нив и дека треба да внимавате со злоупотребата на ученици за партиски цели”, рече Царовска.

Министерката посочи дека предлог Законот е со европско знаменце затоа што при неговата подготовка се земени во предвид стратешките документи и препораки донесени од страна на Европската комисија. Тие се однесуваат на образованието и дигитализацијата како: ,,Обликување на дигиталната иднина на Европа”, Дигиталниот образовен акциски план 2021-2027” и Комуникето за достигнување на Европската област за образование до 2025 година.

Можете да прочитате

Повторно две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони

На осумчлено семејство во пожар му изгореа куќата и еден тон тутун

Приведени возачи во Велес, Куманово, Македонска Каменица, Струга и Прилеп, управувале возила под дејство на алкохол