Утрински Весник
Свет

Песков: Путин е подготвен да го пречека Зеленски во Москва

Песков: Путин е подготвен да го пречека Зеленски во Москва
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со неговиот украински колега Владимир Зеленски каде било освен во Москва.

„Не знам дали е подготвен да патува каде било“, рече Песков пред новинарите, пренесе ТАСС.

Сите ние поаѓаме од она што го рече претседателот Путин, и бидејќи не сме страна во конфликтот, нема потреба да се разговара со нас за прашањето на Донбас.

„Ова треба да се дискутира во рамките на четиричлена група“, истакна тој.

Портпаролот на Кремљ рече дека Путин истакнал дека ако Зеленски е подготвен да разговара за билатералните односи, тој би бил среќен да го пречека во Москва.

„Сè уште не видовме конкретни предлози“, додаде тој.

Можете да прочитате

Годишни технички прегледи и построги еко-тестови за возила постари од 10 години во ЕУ

15 работници повредени во фабрика во Јапонија

Двајца убиени во рускиот напад врз Харков