Утрински Весник
Македонија

Спасовски – Рејшам: Трајна соработка со ИЦИТАП Програмата како поддршка на реформите во полицијата

Спасовски – Рејшам: Трајна соработка со ИЦИТАП Програмата како поддршка на реформите во полицијата

Министерот Оливер Спасовски се сретна со новиот програмски менаџер на ИЦИТАП Програмата при Амбасадата на САД во Скопје, Карл Рејшам.

Спасовски се осврна на соработката со ИЦИТАП Програмата, која изминатите години ја поддржуваше професионализацијата на полицијата преку Проектите и техничката помош наменета за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија. Тој се заблагодари на богатата, искрена и пријателска соработка, нагласувајќи дека Министерството за внатрешни работи е насочено кон трајна соработка со ИЦИТАП Програмата.

Програмскиот менаџер на ИЦИТАП Програмата, Карл Рејшам, изразувајќи благодарност за остварената средба и конструктивниот разговор, истакна дека за време на неговиот мандат на оваа позиција ќе се заложи за продолжување, продлабочување и интензивирање на соработката во рамки на Програмата со Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

„Europe House“ го одбележа Светскиот ден на поезијата со неколку настани низ државата

Намалена видливост до 50 метри поради магла на патниот правец Попова Шапка – село Лисец

Исчезнат Македонец во Благоевград – Татко очајно бара помош