Утрински Весник
Македонија

Скопјанец уапсен поради обид за убиство во викендичка во Кочанско

Скопјанец уапсен поради обид за убиство во викендичка во Кочанско

Полицијата приведе 25-годишен скопјанец поради убиство во обид и неовластено држење на оружје.

„Скопјанецот во викенд куќа во селото Пантелеј, Кочанско, сопственост на С.Г. од Кочани, по претходна физичка пресметка со Ж.Н.(61) од с.Пантелеј, со пушка, која неовластено ја држел, испукал еден куршум во вратата од викенд куќата во која бил Ж.Н.“, соопшти МВР.

Од страна на судија на претходна постапка на А.Н. му е одредена мерка притвор.

Можете да прочитате

Пожарот во Шуто Оризари е подметнат – доаѓаат со тротинети, потураат течност, палат и си одат

Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра