Утрински Весник
Македонија

Сончево време со дожд во попладневните часови

Сончево време со дожд во попладневните часови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со врнежи од дожд.

На места, процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 19 до 25 степени, инфомираат од УХМР.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне со повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде околу 9, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во следните денови ќе има значително затоплување со дневни температури кои на места ќе бидат и над 30 степени, велат од Управата.

Во ноќта кон недела и во недела претпладне во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Можете да прочитате

Ограничен број билети за македонската премиера на ,,Силјан”

Претрес во битолско, пронајдени оружје и муниција, лишено од слобода едно лице

Жител на Албанија приведен откога оставил пари на биро на Ќафасан, поткуп на граница