Утрински Весник
Македонија

На Клиниката за ортопедски болести извршена првата трансплантација на коски

Клиника за пластична хирургија:  Во услови на ковид-19 извршени над 500 хируршки интервенции

На Клиниката за Ортопедски болести штотуку заврши првата трансплантација на коска кај 19 годишен пациент, а операцијата траеше пет часа, извести министерството за здравство.

Од таму појаснуваат дека кај младиот пацинет е трансплантирана коска од починат дарител.

„Тимот хирурзи предводен од проф. д-р Милан Самарџиски и д-р Александар Трајановски ја заврши комплексната операција на замена на малигно променето коскено ткиво со здраво ткиво од починат донатор кај пациент кој се лекува од малиген тумор на коска, по претходно спроведена биопсија и хемотерапија. Ова е прв ваков тип на интервенција на замена на оштетено коскено ткиво со дониран алографт. Во тимот учествуваа и д-р Далип Јахја, д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Александар Савески, д-р Резеарт Далипи како и васкуларниот хирург д-р Никола Граматниковски.
Експлантацијата на коскените ткива се случи на 17 април кога тимот хирурзи од Клиниката за Ортопедија предводен од д-р Александар Трајановски ја направи првата експлантација на коски и коскени ткива од починат донор. Сите експлантирани графтови беа микробиолошки тестирани и складирани за презервација на температура од -40 во Банката за коскени и меки ткива во склоп на Kлиниката“, информираат од ресорното министерство.

Според надлежните, коскените трансплантанти имаат огромен бенефит за пациентите и се користат кај оштетувања на скелетот предизвикани од бенигни и малигни тумори, состојби после трауми, последици од пропаднати ендопротези, вродени аномалии како и кај ред други заболувања кои прават оштетувања на скелетот.

Можете да прочитате

Петмина повредени во сообраќајна несреќа на патот Кичево – Осломеј

Четири креативни работилници за деца, Саем на книга и доделување на наградите на „Литера 2024“

АПЕЛИРАМЕ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Денес доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон недела, локално по силно невреме во Македонија