Утрински Весник
Свет

Хајко Маас: Нема разумна алтернатива на дијалогот со Русија

Хајко Маас: Нема разумна алтернатива на дијалогот со Русија

Желбата да се одржи дијалог со Русија може да помогне да се испеглаат меѓународните конфликти, рече германскиот министер за надворешни работи Хајко Маас на интернет-настанот на Германското атлантско друштво, пренесува ТАСС.

Маас ја поздрави неодамнешната американска понуда да се одржи самит со Русија.

„ Ова е патот по кој одиме ние во ЕУ. Верувам дека нема разумна алтернатива за ова“, рече тој.

Според Маас, директниот дијалог меѓу Москва и Вашингтон би бил многу корисен не само за билатералните руско-американски врски, туку за целиот свет воопшто.

Претходно, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден е закажана за летово, но рече дека не е договорен ниту точниот датум ни земјата што ќе биде домаќин на настанот.

На 13 април, рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден имаа телефонски разговор.

Белата куќа објави дека Бајден ја изнел идејата за одржување на самитот во трета земја во следните месеци. Подоцна, Бајден прецизираше дека му понудил на неговиот руски колега да се сретнат летово во Европа.

Можете да прочитате

Mожен е воен конфликт со Русија и Кина во 2027 година, тврди командант на НАТО

Австралија испорача тенкови „Абрамс“ до Украина

Шестмина загинати и над 100 киднапирани во вооружен напад во Нигерија