Утрински Весник
Македонија

Стојаноска: Граѓаните најдобро знаат кој доби, а кој изгуби со случувањата од 27-ми април

Стојаноска: Граѓаните најдобро знаат кој доби, а кој изгуби со случувањата од 27-ми април

И по 4 години не е расчистен случајот и неправедно осудени граѓани лежат со големи казни по македонските затвори, изјави Дафина Стојаноска, пратнеик на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Сведоци сме дека веќе постои пракса на повторување на судски постапки врз база на изјави, затоа посакуваме и повикуваме на расчистување и на овој случај, односно да се добие можност за повторно и овој пат се надеваме, правично судење. И еден изминат час или ден поминат во затворска келија на неправедно осудени луѓе им е како година“ рече Стојаноска.

Таа нагласи дека како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш осудувале и ќе осудуваат секаков вид на насилство, па повикуваат вакви настани никогаш повеќе да не се случат и повторат. Тие исто така повикуваат во Македонија конечно да почнат да владеат правото и правдата.

Граѓаните најдобро знаат и следат кој доби, а кој изгуби со случувањата од 27-ми април, порача Стојаноска.

Можете да прочитате

Трендафилов: Ако мислат дека со притисоци и снимки ќе не замолчат – се лажат

Стојаноски: Владата ќе има системска борба наместо привремени мерки за запирање на поскапувањата

Времето утре ќе биде сончево