Утрински Весник
Магазин

Патрик Демпси открива детали за продолжението на „Маѓепсани“

Патрик Демпси открива детали за продолжението на „Маѓепсани“

Патрик Демпси за првпат ќе пее и танцува на екранот во претстојното продолжение на Enchanted („Маѓепсани“).

Актерот, кој ќе се обедини со Ејми Адамс за продолжение на филмот од 2007 година, откри дека во претстојниот Disenchanted се подготвува да направи нешто што никогаш порано не го направил.

„Ќе пеам за првпат“, рече тој за „Варајети“, додавајќи: Никогаш не сум пеел јавно – со причина.

Демпси (55) се надева дека на фановите ќе им се допадне музичарот.

Во оригиналниот филм од 2007 година, лошата кралица (Сузан Сарандон) ја протера од замокот во убавата принцеза Жизел (Ејми Адамс), но и од нејзината волшебна земја, и таа одеднаш се најде среде гужва во Менхетен, Њујорк. Шокирана од новата средина, која нема никаква врска со нејзиниот досегашен живот, Жизел бара начин да преживее. Жизел се вљубува во млад адвокат (Патрик Демпси), кој ѝ помага. Но, таа веќе е свршена за принц во својата земја. Дилемата е може ли љубовта како од бајка да преживее во реалниот свет.

Можете да прочитате

Јапонка уапсена поради откажување на повеќе од 2.000 нарачки од онлајн продавница за книги

Пронајдено дрво старо над 1000 години во Германија

Легендарниот филм „Пурпурен дожд“ на Принс добива свој мјузикл на Бродвеј