Утрински Весник
Свет

Украина отвори ново складиште за нуклеарен отпад кај Чернобил

Украина отвори ново складиште за нуклеарен отпад кај Чернобил
Dik 300x250 mk

Украинскиот претседател Володимир Зеленски отвори нова локација за отстранување на нуклеарен отпад во близина на Чернобил, местото на најтешката нуклеарна несреќа во светот, што се случи пред точно 35 години.

Зеленски го посети Чернобил со Рафаел Маријано Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и вети дека таа изолирана зона, како што ја нарекуваат Чернобил, ќе ја претвори во зона за обновување.

„ Украина не е сама и има широка поддршка од своите партнери“, рече Зеленски. „ Денес беше пуштен во употреба нов магацин и многу е важно денес да се добие дозвола за негово одржување“, рече тој.

Украинските власти одлучија да ја искористат таа празна изолирана зона околу нуклеарната централа во Чернобил за да изградат место каде што Украина може да го складира својот нуклеарен отпад во следните 100 години.

Украина во моментов има четири оперативни нуклеарни централи и мора да пренесува нуклеарен отпад до Русија. Новиот магацин ќе и овозможи на владата да заштеди до 200 милиони долари годишно.

Можете да прочитате

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск