Утрински Весник
Економија

Заев се сретна со земјоделци од Гази Баба и Арачиново: Во буџетот има пари за обештетување на земјоделците

Заев се сретна со земјоделци од Гази Баба и Арачиново: Во буџетот има пари за обештетување на земјоделците

Претседателот на Владата, придружуван од заменик-претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, се сретна со Аднан Ајрула и уште неколкумина други претставници на Организациониот одбор на протести на земјоделците од општините Гази Баба и Арачиново.

На состанокот се разгледани можни решенија за обештетувања земјоделци, кои останале необештетени за настанати штети од невремето во овие општини во 2016 година и во 2018 година, поради правни пречки.

На средбата е договорено, утре, на владината седница, да биде утврдена постапката за обештетување на необештетените земјоделци од невремето во 2018 година, преку иницирање измени и дополнувања на Законот за заштита и спасување, што понатаму ќе оди на усвојување во Парламентот. За мал број необештетени земјоделци од невремето во 2016 година, е договорено правни експерти во Владата да ги разгледаат предметите и причините поради коишто досега било невозможно да се реши прашањето, со цел да се утврди дали има правен основ за решавање и на ова прашање.

„ Има волја кај Владата да се изнајдат решенија за посочените прашања и има и пари во Буџетот за оваа намена. Клучно е да се утврдат можностите за обештетување согласно закон и сега сме на тоа посветени“, рече премиерот Заев.

Претставниците на засегнатите земјоделци се заблагодарија на претседателот на Владата Заев, на заменик-претседателот Битиќи и министерот Хоџа, за заложбите за решавање на овие важни прашања за земјоделците.

Можете да прочитате

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски

Нова инвестиција на турската компанија „Чагатај Кабло“ во ТИРЗ Скопје, до 200 нови работни места

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот