Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Германија значително намалена побарувачката за тоалетна хартија

Во Германија  значително намалена побарувачката за тоалетна хартија
Dik 300x250 mk

Германската индустрија за хартија бележи значително помала побарувачка за тоалетна хартија во првиот квартал од оваа година, што се објаснува со создавање залихи, особено тоалетна хартија, во текот на изминатата година.

„Во првиот квартал од оваа година побарувачката за тоалетна хартија падна за 8,1 процент во споредба со истиот период минатата година“, соопшти Здружението на германските фабрики за хартија (ВДП).

Тоа се објаснува со фактот дека синџирите на малопродажба минатата година, по недостигот на тоалетна хартија во продавниците за време на пролетното затворање поради пандемијата на коронавирус, нарачале невообичаено големо количество хартија, која сега се натрупува во магацините.

„Станува збор за доцниот ефект на панично купување на тоалетна хартија за време на ланското затворање“, се вели во соопштението на ВДП.

Во исто време, производителите на хартија бележат 12 проценти помала побарувачка за хартија за весници. Производителите го поврзуваат ова со зголемената дигитализација на медиумите и фактот дека многумина, додека работат од дома поради пандемијата, не купуваат весници на киоскот.

Во исто време, поради растот на трговијата преку интернет, побарувачката за пакувани картони се зголеми за шест проценти.

ВДП исто така укажува на драстично зголемување на цените на целулозата и старата хартија, што е поврзано со зголемена побарувачка за овие суровини, особено на кинескиот пазар.

Можете да прочитате

Уругвај стана првата латиноамериканска земја што усвои закон за евтаназија

Лекорну го преживеа и второто гласање за недоверба

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Индонезија