Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче потврди: Комисијата бара укинување на полицискиот час за празниците и отворање на угостителските објекти

МВР: Казни за 432 лица за неносење маски
Img 7972

Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час да се скрати за еден час и да почнува од 21 часот, за Велигден и Рамазан воопшто да нема ограничување на движењето и отворање на летните тераси во сите угостителски објекти.

„Утре од Владата ќе побараме согласност за овие мерки. Да се отворат летните тераси на сите угостителски објекти, полицискиот час да се скрати и да почнува од 21 часот. За Велигден и Рамазан да нема полициски час, а угостителските објекти да работат до 20.30 часот“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

Овие мерки, тој образложи дека се предлагаат поради очигледното олабавување што се чувствува не само кај нас туку и во сите околни земји. Намален е бројот на приеми во болниците, од 200 кога сме имале најмногу, вчера имало 69 приеми во болниците, а намален е бројот на пациенти на болничко лекување.

Најголемата бројка била 1.789 хоспитализирани пациенти која сега е симната на 1.400.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја