СДСМ на вчерашната прес – конференција како реакција на големиот народен протест истакна дека народот протестирал за одбрана на насилство квалификувајќи ги осудените за 27 април како насилници, велат од Единствена Македонија.
„Го прашуваме СДСМ, ако е така, тогаш зошто лицата за 27 април не се судени за насилство кое е многу полесно кривично дело со пропишана казна во траење колку и досегашното четиригодишно лежење во затворските зандани. Паднаа маските. Потсвеста е чудна работа. СДСМ потсвесно призна дека лицата за 27 април се осудени за наменско кривично дело тероризам, бидејќи самите на пресот рекоа дека имало кривично дело насилство“, се наведува во соопштението.
Од партијата велат дека лицата за 27 април се неправедно осудени со лажен заштитен сведок по петнаесетина години затвор.
„Зошто? Биле терористи. Не. Фрлени се во темните затворски зандани само поради неизмерната љубов кон Татковината. Правно гледано, во Република Македонија монтираните судски процеси со лажен заштитен сведок се забранети. Одговорност мора да има, и ќе има“, велат од Единствена Македонија.