Утрински Весник
Свет

Скандал во Германија, наместо вакцина инјектиран физиолошки раствор

Скандал во Германија, наместо вакцина  инјектиран физиолошки раствор

Медицинска сестра во Германија признала дека наместо вакцините на „Фајзер/Бионтек“, ставила физиолошки раствор во шприцевите за вакцинација, поради што ќе биде отпуштена, а властите се обидуваат да утврдат кој ги примил „лажните“ вакцини.

Медицинската сестра од центарот за вакцинација во германскиот град Фрисланд во регионот на Долна Саксонија признала дека во вакцината истурила солен раствор наместо од „Фајзер / Бионтек“ и им го инјектирала на пациентите.

Скандалот сериозно ја потресе Германија и предизвика големо незадоволство кај граѓаните, кои и самите се прашуваа дали се „жртви“ на ова случување иако беше наведено дека медицинската сестра наводно измамила само шест пациенти, пишуваат германските медиуми.

„Солениот раствор е безопасен и нема ризик по здравјето за оние кај кои е инјектиран“, велеше во одбрана Матиас Пулц, претседател на државната здравствена канцеларија на Долна Саксонија.

Според образложението што тој го дал за медиумите, медицинската работничка наводно паднала и истурила шише со физиолошки раствор додека ги мешала вакцините, па се обидела да го прикрие тоа.

„Случајот е шокантен и веднаш ќе воведеме дополнителни проверки во врска со вакцинацијата. Вакви случаи нема да се повторат“, истакна видно лутиот локален службеник Свен Ембрози.

Германскиот Црвен крст објави дека обвинетата медицинска сестра има околу 40 години и дека се подготвува нејзиното отпуштање. Откриено е и дека полицијата, во договор со локалното обвинителство, започнала истрага, бидејќи објаснувањето за тоа како се случил инцидентот има премногу дупки. Властите исто така се обидуваат да утврдат кои се пациентите кои примиле „лажни“ вакцини.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме