Утрински Весник
Спорт

Баерн за Наглесман ќе мора да платат 20 милиони евра

Баерн за Наглесман ќе мора да платат 20 милиони евра

Баерн Минхен, на крајот од сезоната, ќе остане без тренерот Ханс-Дитер Флик, кој најверојатно ќе ја преземе репрезентацијата на Германија од Јоаким Лев.

Прв пик на Баерн за нов тренер е Јулијан Нагелсман. Медиумите тврдат дека постојат контакти помеѓу клубовите за овој тренерски трансфер, иако пред две недели тие демантираа дека се водат преговори.

Лајпциг биле подготвени да го ослободат од обврските 33-годишниот тренер кој има договор до јуни 2023 година, но само под услов Баерн да плата сума помеѓу 15 и 20 милиони евра.

Баерн веќе му ја понудиле клупата на Нагелсман и чекаат негов одговор за да ги започнат завршните преговори со Лајпциг.

Доколку Наглесман замине во Баерн, во Лајпциг е дојде тренерот на сестринскиот клуб, Салцбург, Џес Марш.

> Баерн за Наглесман ќе мора да платат 20 милиони евра <

Можете да прочитате

Белингем прогласен за најдобар играч минатата сезона во Примера од страна на Здружението на фудбалери на Шпанија

Дебакл на Јокиќ и Нагетс среде Денвер

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија