Утрински Весник
Свет

Мета повика на смиреност додека се пребројуваат гласовите

Мета повика на смиреност додека се пребројуваат гласовите

Албанскиот претседател Илир Мета го пофали изборниот процес и повика на смиреност додека се бројат гласовите од вчерашните парламентарни избори во земјата.

Мета ја потенцираше клучната улога на луѓето што ги пребројуваат гласовите и оцени дека одредени политички партии имаат корист од проекциите на резултатите и излезните анкети.

Дел од албанските медиуми анализираат дека владејачката албанска социјалистичка партија на Еди Рама, е предводник на парламентарните избори во Албанија.

Според резултатите од излезните анкети кои ги објавуваат медиумите во Албанија, опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша е на пат да се најде на второто место а се предвидува третото место да му припадне на Социјалистичкото движење за интеграција на претседателот Илир Мета пренесува Ројтерс.

Сепак, лидерот на албанската опозициска Демократска партија прогласи победа синоќа, само два часа по завршувањето на процесот на гласање. “Победата е јасна! Им благодарам на сите граѓани кои гласаа за победата”, рече Баша, пренесуваат агенциите.

Тој рече дека е убеден дека граѓаните масовно гласале за „Алијансата за промена“ и дека „на крајот, Албанија ќе победи“, нагласи Баша.

Победа прогласи и сегашниот албански премиер Еди Рама.

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата