Утрински Весник
Свет

Четврти ден во Индија црни рекорди, болниците ги одбиваат заразените со Ковид-19

Четврти ден во Индија црни рекорди, болниците ги одбиваат заразените со Ковид-19

Црни рекорди на заболени и починати од коронавирус во Индија четврти ден по ред.

Новиот рекорден број на заразени и починати од Ковид-19 во текот на вчерашниот ден го зголеми притисокот врз болничкиот систем, кој се распаѓа под притисокот на бројот на пациенти и недостатокот на кислород и лекови, пренесуваат светските медиуми.

Со 349.691 нови случаи вчера, речиси 17 милиони луѓе се регистрирани во земјата од почетокот на пандемијата, објави Би-Би-Си.

Пренатрупаните болници избезумено со денови се обидуваа да набават кислород и но и ги одбиваат новите пациенти, а индиската влада ги ангажираше воздухопловните сили во обид да обезбеди испорака до болниците во најпогодените области.

Состојбата е особено сериозна во главниот град Делхи, каде пациентите умираат во болниците затоа што нема повеќе кислород.

Светската здравствена организација предупреди дека ситуацијата во Индија е „смртоносен потсетник“ за тоа што може да предизвика коронавирусот.

На почетокот на оваа година, индиската влада сметаше дека го победи вирусот.

Можете да прочитате

Руски ракетен напад врз Дњепар

Во Азија над илјада загинати во разорната тропска бура

Зеленски: По разговорите на Флорида остануваат тешки нерешени прашања