Реал Мадрид во 2003 година успеаја да го „исплатат“ трансферот на Дејвид Бекам од Манчестер јунајтед само со продажба на дресови, а сега имаат голема мака да најдат вистинска ѕвезда која ќе направи бум со дресовите, откако шпанскиот „Ел конфиденсијал“ тврди дека продажбата е падната за фантастични 70 отсто по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јувентус во јуни 2018 година.
Сепак, причината за ваков драстичен пад на продажбата не е само во португалската мега-ѕвезда, туку и поради неколку поинакви причини. Првата сезона по продажбата на ЦР7 беше лоша за тимот со дури тројца тренери (Лопетеги, Солари и Зидан), а година подоцна замина Герет Бејл во Тотенхем, кој иако не беше омилен кај навивачите на Реал, имаше огромно влијание на англосаксонскиот пазар.
Секако, тука е и падот поради корона вирусот и малиот број на туристи кои го посетиле Мадрид, но и големиот број на фалсификати кои пристигнуваат од Кина.
„Сега играчот со најмногу продавани дресови е или Карим Бензема или Серхио Рамос. Но, тие не повлекуваат исти бројки. Затоа е големата потреба да се донесе Килијан Мбапе“, вели извор од клубот за „Ел конфиденсијал“.
> По заминувањето на Роналдо, Реал продава 70 отсто помалку дресови! <