Утрински Весник
Македонија

Шилегов за проектот спроти „Холидеј Ин“: Мора да се почитува законот и параметрите на ГУП

E8b24ad6 6dc8 4b77 97af 1ff432ad969c

Мора да се почитува законот и параметрите од Генералниот урбанистички план и со нив да се усогласат деталните урбанистички планови. Тоа е нешто што треба да го сработат урбанистите, смета градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за проектот „Гранд“ предвиден на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“.

Во гостување во Дневникот на ТВ Сител, Шилегов рече дека очекува Општина Центар да изработи елаборат и ако има отстапување во однос на ГУП, треба да донесе соодветен план што ќе одговара на неговите параметри. Тој појасни дека суспензија на проектот би значело дека во наредните шест месеци Општина Центар нема да може да го применува Решението што го предвидела во ДУП-от, а значи и дека е должна во тие шест месеци да ги отстрани неговите недостатоци.

– Законот предвидува како треба да постапи Општина Центар ако се утврди дека има отстапување од ГУП, кој е врвен урбанистички документ во градот. Излезот е само во она што го предвидел градот за изградба на објекти на определено место, односно колку ќе бидат на број и какви по габарит, а сè друго се субјективни мислења кои не е добро да се даваат во ваква „зовриена ситуација“. Охрабрувам да има ред и законитост во постапките, а тоа значи дека ако имаме отстапување на ДУП во однос на позициите што ги има ГУП-от, да се изработи елаборат со кој би се утврдило евентуално надминување на вредностите што ги содржи ГУП и, согласно тоа, ако постојат услови да се изрече суспензија на дел од ДУП-от, истакна Шилегов.

Во врска со овој проект Шилегов е свесен и за сериозно супстандардните услови на 2000 граѓани кои живеат таму, а се во центарот на градот.

-Од друга страна, немаме  ни право да стопираме за тие луѓе, кои ни криви ни должни во послените 50-60 години не можеле ниту да ги реновираат своите домови поради различни ограничувања што постеле. Затоа, мислам дека целата позиција треба да се гледа со пристојно внимавање на законските прописи, без да правиме непотребна атмосфера, додаде скопскиот градоначалник.

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор