Манчестер сити го добија потписот на 17-годишниот Кајки од бразилскиот клуб Флуминенсе за 12 милиони долари плус бонуси, добивајќи ја битката за тинејџерот кој многумина го споредуваат со Нејмар.
Кајки ќе остане во Бразил до крајот на сезоната 2021, пред да се пресели кај „граѓаните“ или да замине на позајмица. Кајки да Силва Шагас дебитираше за сениорскиот тим на Флуминенсе оваа сезона, но е на радарот на скаутите на Сити повеќе години. Тој има постигнато два гола во 9 настапи, откако лани беше најдобар стрелец во У-17 шампионатот на Бразил.
Тој ќе се приклучи на поголемата група на млади бразилски фудбалери кои се преселија на „Етихад“, од кои најпознат секако е Габриел Жесус. 18-годишниот бек Јан Коуто во моментов е позамјен на сестринскиот клуб Џирона во Шпанија, додека 18-годишниот Диего Роса е на позајмица во белгискиот клуб Ломел.
> Сити го купија новото бразилско „чудо“ Кајки <