Утрински Весник
Свет

Сопругата на Јанша доби заканувачко писмо

Сопругата на Јанша доби заканувачко писмо

Сопругата на словенечкиот премиер Јанез Јанша, Уршка Бачовник, која е лекар во болницата во Целје, добила заканувачко писмо со кое се заканувало на неа и нејзиното семејство.

Писмото го добила во болницата каде што е вработена, а случајот бил пријавен во полиција, пренесува порталот 24УР.

Од болницата потврдија за порталот дека Уршка Бачовник добила писмо со кое ѝ се заканувало на неа и нејзините деца, но било наведено дека тие не можат да коментираат понатаму за случајот.
Полицијата во Целје исто така потврди дека биле свесни за анонимните закани и дека е покрената истрага за случајот.

Ова не е прв случај во Словенија политичките фигури да добиваат закани, пишува порталот и потсетува дека на ѕидот од куќата на лидерот на Словенечката национална партија Змаго Јелинчиќ, непознати лица напишале графити, а дека седиштето на партијата било погодено со моторно масло.

Исто така, на вратата од куќата на министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс, некој напишал „лажго“, а на куќата на општинската советничка Весна Фабјан од Чрномел, некој фрлил молотов коктел.

На почетокот на февруари непознати сторители нацртаа свастики и напишаа „корупција“ на зградата на Институтот „Искрени“ во Љубљана, а некој во јануари напиша „стаорец“ на вратата на поранешниот словенечки министер за надворешни работи.

 

Можете да прочитате

„Ако мојата ќерка забремени од силување, треба да го роди детето“ – скандалозен став на починатиот Чарли Кирк по однос на прашањето за абортус

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата