Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лопез се потпира на поранешниот сопруг по разделбата со свршеникот

Џенифер Лопез се потпира на поранешниот сопруг по разделбата со свршеникот

Џенифер Лопез не е сама додека се опоравува од разделбата со свршеникот Алекс Родригез.

51-годишната латино дива, која моменатлно го снима Shotgun Wedding во Доминиканската Република со Џош Духамел и Лени Кравиц, се потпира на еден од своите поранешни, според магазинот „Пипл“.

„Џенифер и Марк имаат одличен меѓусебен однос“, сподели извор за нејзината блиска врска со Марк Ентони, со кого беше во брак од 2004 до 2014 година.

„Убаво и пријатно е да го има покрај себе додека мора да работи во странство,“ вели истиот извор.

„На Џенифер ѝ оди добро. Таа сè уште снима во Доминиканската Република. Децата ја посетија и ја прават најсреќна.“

Џенифер и Марк ги делат близнаците Макс и Ема (13).

Можете да прочитате

Јапонка уапсена поради откажување на повеќе од 2.000 нарачки од онлајн продавница за книги

Пронајдено дрво старо над 1000 години во Германија

Легендарниот филм „Пурпурен дожд“ на Принс добива свој мјузикл на Бродвеј