Утрински Весник
Магазин

Голема победа за „Земја на номади“ неколку дена пред Оскарите

Голема победа за „Земја на номади“ неколку дена пред Оскарите
Dik 300x250 mk

Само неколку дена пред „Оскарите“, Nomadland („Земја на номади“) уште еднаш се покажа како предводник во трката за најдобар филм со целосна доминација на наградите „Независен дух“.

„Земја на номади“ триумфираше на синоќешната виртуелна церемонија на доделување на престижната награда „Независен дух“ 2021 година (Independent Spirit Awards) со четири трофеи, голем предвесник за успех на „Оскарите“.

Филмот во продукција на Fox Searchlight Pictures на писателката и режисерка Клои Жао однесе четири награди, вклучително и за најдобра игран филм и најдобра режија за Жао.

Според медиумите, „Земја на номади“ е најдобар тркач за „Оскар“ во недела вечер.

Сериозен филм во сериозни времиња, отворено зборува за животот на обичниот човек во време на криза, но не како протест против општеството, туку повеќе како глобална тага која се гледа во очите на самите протагонисти.

Можете да прочитате

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство

Џонатан Бејли прогласен за „Најсексипилен маж на денешнината“ за 2025 година