Утрински Весник
Македонија

Една доза на вакцината на Фајзер или АстраЗенека ја намалува стапката на инфекција со ковид

 115371409 gettyimages 1265248637

Една студија за вакцината на Оксфорд / АстраЗенека или Фајзер / Бионтек покажува дека овие две вакцини ги намалуваат инфекциите со коронавирус за речиси две третини, и ги штити постарите и поранливите луѓе исто како и помладите, здрави индивидуи, откри една студија.

Резултатите од Универзитетот во Оксфорд и Канцеларијата за национална статистика се добредојден поттик за програмата за вакцинација и први кои покажуваат влијание врз новите инфекции и имунолошкиот одговор кај голема група возрасни од општата популација.

Со намалување на стапката на инфекција, вакцините не само што ќе спречат хоспитализација и смрт, туку ќе помогнат да се прекинат синџирите на пренесување и така ќе се намали ризикот од штетно обновување на болеста со повторното отворање на Велика Британија.

Истражувачите ги анализирале резултатите од повеќе од 350.000 луѓе во Велика Британија помеѓу декември и април. Откриле дека 21 ден по првата доза – времето потребно на имунолошкиот систем за пристојна реакција – новите инфекции на Ковид паднале за 65 отсто.

Вакцините беа поефикасни против симптоматските отколку асимптоматските инфекции, намалувајќи ги стапките за 72 отсто и 57 отсто, соодветно, во споредба со оние забележани кај невакцинираната популација.

Втората доза на вакцината Фајзер дополнително ја зголеми заштитата, предизвикувајќи паѓање на симптоматските инфекции за 90 отсто и асимптоматски инфекции за 70 отсто. Бидејќи вакцината од Оксфорд беше одобрена и пуштена во употреба подоцна, рано е да се процени влијанието на тие втори дози.

Научниците од тимот рекоа дека наодите ја поддржуваат одлуката на Обединетото Кралство да даде приоритет на давање први дози на стари лица и поранливи лица со одложување на вторите дози. „Немаше доказ дека вакцините биле помалку ефикасни кај постарите возрасни лица или кај оние со долгорочни здравствени проблеми“, рече д-р Коен Пувелс, истражувач од тимот.

Резултатите, објавени во печат, во петокот, се особено важни затоа што тие го демонстрираат заштитниот ефект на вакцините во реалниот свет против многу заразната и поубиствена варијанта на Кент, што не постоеше за време на првичните клинички испитувања.

Извор: Гардијан

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК