Утрински Весник
Македонија

Џафери: Пратениците се вакцинираат денеска, а претходно се вакцинираа службениците во Собранието

Џафери: Пописот не е и не смее да биде политичка операција

Денеска, во Салата Борис Трајковски, според планот за масовна имунизација на населението на Република Северна Македонија, ќе се вакцинираат пратениците во закодавниот дом.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери изјави дека тој и колегите, како и дел службениците кои не се вакцинирани ќе примат вакцина која што во моментот е достапна за сите граѓани на нашата држава.

„Иако постоеше можност и препорака пратениците да се вакцинираат со претходно достапната вакцина, донесов одлука дека предност треба да се даде на службениците во Собранието, а потоа да се вакцинираат пратениците“, рече Џафери.

Собранието е во втората фаза за вакцинација односно приоритетна група за вакцинација како неопходна институција – носител на законодавната власт.

Џафери упати апел до сите граѓани да се пријават за вакцинирање на своите матични доктори, да го почитуваат терминот за вакцинација и секој од нас да придонесе во зголемување на колективниот имунитет во нашата држава, а со тоа и надминување на пандемијата.

Можете да прочитате

Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги

Маж нападнат во сопствениот двор од сосетката со дрвен предмет

АА: Нема да дозволиме преку административни одлуки да се укине институционалната застапеност на Албанците