Утрински Весник
Свет

Словачка протерува руски амбасадори поради Чешка

Словачка протерува руски амбасадори поради Чешка

Тројца вработени во руската амбасада во Братислава треба да ја напуштат Словачка во рок од една недела.

„Во согласност со моменталната геополитичка состојба, како и ситуацијата во Чешка, тројца вработени во руската Амбасада во Братислава мора да ја напуштат територијата на Словачка во рок од седум дена, изјави словачкиот премиер, Едуард Хегер.

Москва изрази разочараност од одлуката на Братислава, навестувајќи дека брзо ќе одговори на ситуацијата.

Прага претходно протера 18 вработени во руската Амбасада поради наводна улога на Русија во експлозија во магацин со оружје во 2014 година во која загинаа две лица. Москва одговори со враќање на 20 чешки дипломати.

Можете да прочитате

На протестите во Франција учествувале околу 480 илјади луѓе

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали

Папата Лав XIV опериран од рак на белите дробови – отстранет му е дел од десното белодробно крило