Утрински Весник
Свет

Европската Унија нема да купува дополнителни 100 милиони дози од „Астра зенека“

Европската Унија нема да купува дополнителни 100 милиони дози од „Астра зенека“

Европската Комисија нема да купува 100 милиони дополнителни вакцини против Ковид-19 на „Астра Зенека“, како што претходно беше договорено.

Портпаролот на ЕК на прес-конференција рече дека рокот за спроведување на оваа опција е веќе истечен и ЕУ не планира да ја спроведе.

Комисијата нарача 300 милиони дози од вакцината на „Астра Зенека“ во рамките на договорот кој предвидува 400 милиони дози, од кои набавката на 100 милиони не е задолжителна.

Европската Унија сè уште не одлучила дали ќе преземе правни мерки против „Астра Зенека“ бидејќи не ги испорача договорените количини на вакцината против Ковид-19, изјави портпаролот на Европската комисија. Бриселскиот портал „Политико“ објави дека ЕК се подготвува да покрене тужба против „Астра Зенека“, повикувајќи се на пет неименувани дипломати на ЕУ.

Можете да прочитате

Масовен протест во Киев против новиот закон за статус на исчезнатите војници

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина