Утрински Весник
Македонија

Во Скопје хоспитализирани 48 нови ковид-пациенти

Британскиот вид на вирус утврден кај 45 лица во земјава

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 661 пациент, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.

„Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, соопшти МЗ.

Можете да прочитате

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш не вели никогаш

Мицкоски: Бугарија станува прибежиште за криминалци – случајот со Ива Михаилова ќе го отвориме пред НАТО и ЕУ

Треновски: Не очекувајте големо поевтинување на становите, но цените може да стагнираат