Утрински Весник
Свет

Франција ја предупредува Русија за санкции доколку Навални умре

Франција ја предупредува Русија за санкции доколку Навални умре

Францускиот министер за надворешни работи и порача на Русија дека ЕУ ќе ги смета за одговорни рускиот претседател Владимир Путин и руските власти доколку критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, кој штрајкува со глад, умре и притоа тој се закани со нови санкции.

„Овој немилосрден напад врз Навални е неподнослив“, рече министерот Жан Ив Ле Дријан за телевизијата Франс 2.

„Ние ќе ги воведеме потребните санкции и тоа ќе биде одговорност на Путин и на руските власти. Се надевам дека тоа нема да се случи “, рече тој, одговарајќи на прашањето како Европа ќе реагира доколку умре Алексеј Навални.

Оценувајќи ги неодамнешните потези на домашната сцена на Русија како авторитарен пресврт, Ле Дријан исто така рече дека распоредувањето илјадници војници на границата со источна Украина треба да се реши засега преку разговори, а не со санкции.

„Тој (Путин) е незгоден сосед. понекогаш опасен, но тој е сè уште таму, така што треба да продолжиме да разговараме“, рече тој.

„Мислам дека Русија не сака да спроведе воена акција против Украина, но присуството на војници на границата создава ризици од несреќи“, додаде Ле Дријан.

Можете да прочитате

Во срцето на летото: На алпите наврнаа 80 сантиметри снег!

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ