Утрински Весник
Македонија

Џафери за кривичните пријави: Ако сакаат нека поднесат уште 10 кривични пријави

Talat

Ако сакаат нека поднесат уште 10 кривични пријави, но Собранието не се базира на Кривичниот законик туку на Уставот и Деловникот, вели за ТВ21 собранискиот спикер, Талат Џафери.

„Кривичните се прашање на дневна политика, неосновани“, посочи Џафери

На прашањето на новинарот за двете кривични пријави поднесени од попозицијата поради пратениците кои позитивни на ковид влегоа во собранието и го загрозија здравјето на другите пратеници, Џафери истакна дека воопшто не се преоптоварува со овие прашања.

„Не бре брате, јас не се оптоварувам со овие прашања. Јас сум фокусиран на моите обврски како претседател на Собранието, го спроведувам Уставот и деловникот на работата на Парламентот“, вели Џафери.

Можете да прочитате

Жена од Струга починала откако била удрена од комбе

Нов видео канал 4TV.mk – медиум за луѓето, не за сензациите

СДСМ: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?