Утрински Весник
Македонија

Стружанец ја убил сопругата со нож и се обидел да се самоубие

Автомобил удрил во ѕид па се запалил кај Миравци, возачот починал

Стружанец ја убил својата 34-годишна жена по расправија. Убиството се случило доцна вечерва. Според првичните информации од увидот на полицијата, жената била бодена со нож.

„ Пријавено е дека во Струга, на ул.’Ристо Крле’ при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала Итната медицинска помош”, велат од МВР.

Во тешка состојба е и 39-годишниот Ј.Р. кој ја убил жената. Неофицијално, сопругот по убиството се обидел и да се самоубие. Тој е пренесен во Општата болница во Струга.

Можете да прочитате

Рафајловски: Мицкоски има визија, но тимот не му испорачува резултати

Притвор побара Обвинителството за косовски државјанин по несреќата со четири жртви кај Скопје

Рубин Земон поднесе оставка од ИО на СДСМ: Не сакам моето семејство да биде мета на напади