Утрински Весник
Свет

Иранското МНР: Постигнат мал напредок во разговорите во Виена

Иранското МНР: Постигнат мал напредок во разговорите во Виена

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Катибзаде, изјави дека на преговорите што во моментов се водат во главниот град на Австрија, Виена, меѓу Техеран и светските сили во врска со нуклеарниот договор од 2015 година, е постигнат одреден напредок, пренесува ИРНА.

„Се движиме по вистинскиот пат и е постигнат одреден напредок, но сè уште не сме ја достигнале последната фаза. Сега сме во фаза кога треба да се преговара за тешки прашања. Никаде не брзаме. Немаме никакви директни или индиректни преговори со САД во Виена “, изјави Хатибзаде.

Минатиот вторник Виена беше домаќин на разговорите насочени кон заживување на нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили и кон враќање на САД на нуклеарниот договор.

Во 2018 година, администрацијата на Трамп еднострано се повлече од нуклеарниот договор и повторно ги воведе санкциите за Иран претходно укинати според догорот. Како одговор, Техеран ги намали своите обврски кон договорот и го зголеми збогатувањето на ураниум на 20 отсто, надминувајќи ја границата од 3,67 отсто утврдена со договорот.

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија