Формирањето на фудбалската Суперлига го здрма фудбалскиот свет откако се открија детали за начинот на натпреварување, но и на финансирање.
Реакцијата на поголемиот дел од фудбалските навивачи беше бесна. Се очекуваше ставот на кормиларот на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола затоа што „граѓаните“ се еден од основачите на Суперлигата.
Гвардиола признава дека лига без испаѓање не е спорт, но рече дека засега не е запознаен со деталите.
„Искрено, ние тренерите на овие екипи не сме вистинските луѓе кои треба да коментираме, затоа што само претседателот на тој комитет има јасна идеја за иднината на фудбалот. Јас можам да го дадам своето мислење. Не е спорт кога не постои однос помеѓу напорот и успехот. Не е спорт ако успехот е загарантиран и не е спорт ако не е битно дали победувате или губите. Би сакал претседателот на оваа група на целиот свет да му објасни зошто е ова направено. Не знам зошто се одбрани баш овие тимови, Ајакс има 4 титули шампион на Европа, каде се тиа“ – рече Гвардиола.
Шпанскиот тренер смета и дека „Не е фер еден тим да се бори да дојде до врвоти тогаш да не може да се пласира затоа што успехот им е загарантиран на неколку клубови“.
> Гвардиола: Лига без испаѓање не е спорт – зошто го нема Ајакс, имаат 4 титули! <