Утрински Весник
Македонија

Аквадуктот прогласен за споменик со највисок степен на заштита

Аквадуктот прогласен за споменик со највисок степен на заштита

Владата на предлог од Управата за заштита на културното наследство и мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години беше закочен во надлежнитe институции.

Со ревалоризацијата на Аквадуктот е опфатено и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита.

Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита.

Со донесувањето на Одлуката, Аквадуктот се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија“ и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство.

Можете да прочитате

СДСМ денеска ќе објави нови кандидати за градоначалници, Трајковски за Кисела Вода, Костадинов за нов мандат во Валандово

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведе до колапс системот за водоснабдување – цената ја плаќаат децата од болницата „Козле”

Мицкоски: Со новата опрема според НАТО стандардите го зајакнуваме нашиот одбранбен капацитет, безбедноста на државата и граѓаните